Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Општина Виница ги подобрува своите капацитети

Вчера, 20.09.2023г, во салата за состаноци во општинската зграда беше презентирана Процедурата за раздвојување на должности во процесот на создавање обврски и извршување на расходите од Буџетот на Општина Виница од претставник на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Ова е важно за да се осигура дека секој денар од буџетот се користи со внимание и одговорност. Во рамки на соработката со Проектот, беше формиран тим кој подготви Извештај за самооценување на успешноста во управувањето со јавните финансии во општината. Врз основа на Извештајот се детектирани предности и недостатоци во процесот на управување со јавни финансии, за кои е подготвен Акциски план за спроведување на мерки за подобрување. Процедурата и Извештајот се подготвени во тесна соработка со тимот на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. На презентацијата присуствуваа претставник на Проектот, Марина Јандревска специјалист за финансии на општини, вработени во локалната самоуправа во одделението за финансии и јавни набавки и градоначалникот на Општина Виница Миле Петков.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk