Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Обука на работно место: „Урбанистичко планирање, комунални услуги и управување со кризи“

Како дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“, вчера во салата за состаноци на Општина Виница се одржа Обука на работно место: „Урбанистичко планирање, комунални услуги и управување со кризи“. Оваа интерактивна обука има за цел разработување отворени, специфични теми и прашања кои ги имаат утврдено општинските советници заедно со вработените во Локалната самоуправа, како и зголемување на знаењата и практичните вештини на општинските советници во наведените области, со посебен акцент на партиципативноста и инклузивноста на сите засегнати страни при креирање на општинските политики. Членовите на Советот на Општина Виница изминативе неколку месеци се дел од овој проект кој е финансиран од Швајцарската влада и од Министерството за локална самоуправа, а го спроведува и ко-финансира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). Главна цел на проектот е унапредување на поддршката за развој на локалните самоуправи, првенствено преку зајакнување на општинските совети кои ќе бидат во можност ефективно да ги исполнат нивните доделени улоги на претставување, надзор и донесување општински одлуки со активно вклучување на граѓаните.

Обуката беше одржана од :
д-р Душица Црпковска Ангелковиќ
д-р Пеце Медановски
м-р Зоран Јнкуловски

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk