Советот на Општина Виница денес ја одржа 23 редовна седница

Како прва точка се разгледуваше Одлуката за верификација на мандатот на член на Советот на Општина Виница,г-дин Риза Салиов. Врз основа на верификацијата, изгласани се и измените на Решенијата на Комисиите каде како член беше претходниот советник д-р Венцо Вуинов, чија што оставка беше прифатена на една од претходните седници.
На денешната седница изгласан е Годишниот извештаја за работа на СОУ „Ванчо Прке“- Виница за учебната 2022/2023 година, како и Програмата за работа на истото училиште за учебната 2023/2024 година.
По подолга дискусија, прашања, реплики и одговори, е одобрено Барањето Согласност за Годишен план за вработување за 2024 година на ЈП „Солидарност“- Виница.
Сите Барања за финансиска помош,според правилникот за распоредување, наменети за лекување на барателите, се одобрени.
Од советничката Марија Манасиева е побарано од општинската администрација за наредната седница, до сите советници да биде доставен Извештај за одобрени Барања за финансиска помош, поднесени од физички лица и организации, и Извештај за исплата на одобрените барања за 2022 година и 2023 година заклучно со месец август.