Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

ОЈУДГ „Гоце Делчев“ Виница, денес беше домакин на 25 директори на градинки од Естонија

“Кога работата и дечињата ни се приоритет, успехот е неизбежен”.
ОЈУДГ „Гоце Делчев“ Виница, денес беше домакин на 25 директори на градинки од Естонија. Изминате три години беше вклучена во ERASMUS + проект кој имаше успешна завршница, преку кој имаа мобилност и посета во повеќе европски држави. Во овој Проект беа вклучени детски градинки од 6 држави во Европа меѓу кои - Полска,Грција, Турција, Словенија, Македонија и Естонија која беше координатор на проектот. Гостопримството, убавините и начинот на работа и функционирање на градинката беа доволен мотив да се створи иницијативата за посета на голем број директори од градинки од Естонија и представници на министерството за образование, да ја посетат Македонија и да се запознаат со предучилишното образование и начинот на функционирање на градинките кај нас. Токму по тој повод градинката денес беше посетена од директорите на детски градинки во Талин, Естонија. Честитки до директорката Милче Стаменкова и сите вработени, кои неуморно се вложуваат во одвивањето на воспитно-образовниот процес во оваа установа.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk