РОМАКТЕД, втор состанок со лица од Ромската заедница

Претставници на РОМАКТЕД програмата вчера одржаа втор состанок со лица од Ромската заедница. На состанокот присуствуваа и претставници од Центарот за вработување на Агенцијата за вработување од Општина Виница, претставник од локалната самоуправа и претставници од бизнис секторот во општината. Состанокот се одржа во салата за состаноци во општинската зграда. Одзивот и заинтересираноста од страна на лицата од Ромската заедница овој пат беше значително поголем. Претставниците од бизнис секторот, ја нагласија потрбата од директно вклучување на оваа категорија на луѓе за одвивање на процесите во бизнис компаниите, но и условите кои треба да ги исполнуваат. Затоа Агенцијата за вработување се повикува на изготвениот оперативен план за мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, и реализирање на мерката 2.1- Субвенционирање на вработувае. Потенцијалните корисници на мерките потребно е да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.