Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Туторство за деца Роми

Општина Виница ја започна имплементацијата на активноста „Туторство за деца Роми“ од 2ро до 4то одделение во основно образование„ со цел зголемување на квалитетот на образование за овие деца кој беше намален како последица на пандемијата со КОВИД 19. Во таа насока за новата учебна година 2023/2024 Општината обезбеди училишен материјал, прибор и ранци за учениците Роми од ОУ Славчо Стојменски и ОУ Гоце Делчев, Виница, кои се дел од оваа активност. Во рамки на активноста се вклучени вкупно 50 деца Роми од кои 46% се девојчиња и истите добиваат поддршка за македонски јазик, математика и англиски јазик. Оваа активност се имплементира со поддршка на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа РОМАКТЕД фаза 2.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk