Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Terre dа Film

Музеј „Теракота“ Виница ќе се претстави со два краткометражни филмови и изложба на „Теракотни икони од Виница" на претстојна Трета едиција на Интернационалниот фестивал на краткометражен филм „Terre dа Film", со траги и од македонската култура. Во рамките на изложбата на „Теракотни икони од Виница" ќе бидат прикажани два документарни филма за откривањето и значењето на Теракотните икони. Изложбата ќе биде отворена на 7, 8 и 9 јули во „Salone delle Stelle",Canelli , Italia. Фестивалот „Terre dа Film" е настан на кој што луѓето се среќаваат за да доживеат искуство преку кино, уметнос и многу повеќе. Овој фестивал се одржува секое лето на кој се собираат уметници, режисери, поети, туристи и локални жители, кои неколку дена живеат во градот за да создадат единствена привремена заедница. Ова е уште еден показател дека негувањето на културното наследство и богатство е од значаен карактер за афирмација на нашето постоење. Теракотните икони кои го обиколија светот овој пат ќе остават белег и во Канели, Италија.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk