Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Еднократна парична помош за сите првачињата во Општина Виница

Еднократна парична помош од 3,000 денари за сите првачињата во Општина Виница. На последната седница на Советот на Општина Виница, беше донесено изменување и дополнување на Буџетот на Општина Виница за 2023 година (Ребаланс на буџетот). Врз основа на анализите од досегашното успешно работење и извршување на тековниот буџет се јави потребата од зголемување за 4 милиони денари, со што ќе бидат зголемени расходите во повеќе програми и подпрограми од значење за граѓаните на Општина Виница. Со ребалансот се обезбедува и еднократна парична помош за сите 113 првачиња од Општина Виницаи, за која во претстојниот период ќе биде распишан јавен повик за поднесување на барања. На истата седница е изгласана и предлог- одлуката за помош на Општина Делчево, со 120 000 денари, за санирање на штета која беше предизвикана од невремето со кое беше зафатена оваа општина.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk