Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Програмата „Општествено корисна работа“

Општина Виница во соработка со UNDP МК, Центар за социјална работа и Агенцијата за вработување, и оваа година ангажира невработени лица во рамки на Програмата „Општествено корисна работа“. Оваа година ќе бидат ангажирани 5 лица кои ќе пружат нега на стари, болни и изнемоштени лица во домовите. Работењето на овие 5 лица ќе се одвива со скратено работно време, односно 20 часа седмично, 9 месеци, почнувајќи од 01.07.2023г, за што ќе примат месечен паричен надомест. Денес во салата за состаноци во општинската зграда се потпишани договорите за извршувањето на Општествено корисната работа. Во делот на програмата се опфатени и обуки кои невработените лица ќе ги посетуваат и ќе имаат можност да се стекнат со сертификати за дејноста која ќе ја извршуваат.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk