Градоначалникот Миле Петков упати честитка до сите верници со исламска вероисповед

По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, во негово име и во име на Општина Виница упати честитка до сите верници со исламска вероисповед.
- Принесувањето на жртвата- курбан и дарувањето нека Ви ги отвори срцата кон Бога и нека Ви донесе многу здравје, радост, мир и благосостојба во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски. Празниците не учат да си простуваме, да си помагаме и да го јакнеме соживотот, не потсетуваат на традицијата, обичаите и различностите кои се најголема вредност на секое општество. Овие празници нека Ви поминат во добро здравје, толеранција, благосостојба и со добра мисла.
Честит Курбан Бајрама.