Прием на ученици кои освоија места на државните натпревари

Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков, денес ги повика и прими учениците и нивните ментори, кои освоија место на државните натпревари во изминатава учебна година. Во рамки на подршка на Општината во делот на образованието Општина Виница одлучи да додели пофалници и награди за учениците кои со своето залагање и постигнати резултати даваат посебен придонес во воспитно – образовната дејност и ја претставуваат Општината на државно ниво. Пофалници и вредносни ваучери се доделени на следниве ученици и нивни ментори:
1. Андреј Тодоров за освоено прво место на државен натпревар по биологија, под менторство на проф. Елида Анѓелова,
2. Надица Јорданова за освоено трето место на државен натпревар по биологија, под менторство на проф. Емилија Костадинова Тасева,
3. Андреа Јованова, Нина Ѓорѓиевска, Виктор Анастасов и Давид Ефремов, за освоено прво место на државен натпревар на бендови, под менторство на проф. Гоце Данилов,
4. Тамара Димитрова за освоено трето место на државен натпревар по географија под менторство на наставник Марија Трајчевска,
5. Нена Гугушовска за освоено трето место на државен натпревар по природни науки под менторство на наставник Тања Данилова.