Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Граѓаните на прво место

Членовите на Советот на Општина Виница заедно со советници од уште три општини (Општина Карбинци, Општина Гевгелија и Општина Градско) имаа можност преку програма да се стекнат со знаења и постапки во доменот на комплексноста на нивната работа. Обуката е дел од Програмата за развој на капацитетите на општинските советници која се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, Финансиски поддржан од Швајцарската влада, Министерство за локална самоуправа, а ко-финансиран и спроведуван од Програмата за развој на Обединети Нации – УНДП. Конкретниот проект ќе се одвива 15 месеци. На 16-ти и 17- ти јуни се спроведоа последните обуки од пролетната фаза на проектот, кои ќе продолжат во септември.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk