Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Основното училиште „Гоце Делчев“-Виница го одбележаа патронатот на училиштето и 120 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и на почетокот на 20-от век.

Учениците од училиштето се претставија со различни изведби на свечената приредба, која се оржа во холот на училиштето, вчера во 20 часот. Денес програмата продолжи со положување на свежо цвеќе пред бистата на македонскиот великан Гоце Делчев, и заврши со многубројни спортски натпревари.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk