
Во ОЈУДГ „Гоце Делчев“- Виница денес се одржа модна ревија, по повод Светскиот Ден на планетата Земја, 22 април. Симболиката на оваа ревија е тоа што сите модели се изработени од рециклирачки материјали, и начинот на кој се запознаваат децата со значењето за зачувување на планетата Земја.
Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично. Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.