
На 18-от М.Ф.Ф. "ВЕЛИГДЕНСКИ СРЕДБИ - 2023" ОРАОВИЦА, МАКЕДОНИЈА, кои се одржаа вчера во Манастирот Св.Ѓорѓи- Ораовица, Радовиш, фолклористите од Китка земаа прво место за своите изведби, кои ги оценуваше стручно жири. На фестивалот учествуваа 18 ансамбли, и тоа од Македонија, Косово и Бугарија.