Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Како дел од програмата за работа на Здружението на пензионер од Општина Виница, претседателката на Здружението Павлина Ангеловска и претседателката на Активот на жените пензионери Геновева Ристова, денес посетија тројца од најстарите пензионери во Општина Виница.

Посетата беше со цел да им го честитаат големиот христијански празник Велигден. Со скромни подароци и јајце во рака им го честитаа празникот и од срце си разменија Христос Воскресна Навистина Воскресна. Да се посвети некому внимание е миг, но за оној на кого се посветува значи навистина многу, значи дека уште некој се сетил на нив.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk