Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков денес го потпиша Договорот за меѓуопштинска соработка за изработка на платформа за дигитализација на општинските услуги.

Дигитализацијата е процес кој го поедноставува животот и им дава можност на луѓето да го менуваат општеството и секојдневните животни навики. Со потпишување на Договорот за меѓуопштинска соработка, се заокружува процесот на изработка на платформата за дигитализација на општинските услуги во Источниот плански регион. Благодарение на UNDP MK и Бирото за регионален развој, физичките и правните лица од Источниот регион ќе можат електронски да поднесуваат барања за околу дваесетина општински услуги. Носител на проектот е Општина Штип Македонија, а партнери се останатите 10 општини од регионот и Центарот за развој на Источен плански регион.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk