
Денес се одржа прва конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при Општина Виница.
Седницата ја повика и отвори претседателот на ОСБСП – Горан Стојменовски, кој е од Одделението за инспекциски надзор при Општина Виница. На почетокот на седницата според Дневниот ред најпрво беа конституирани членовите на советот кои се компетентни и професионални лица во оваа област. Целта на ОСБСП ќе биде зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во општината. Ќе се врши поставување на нова сообраќајна сигнализација, уредување на паркинг простор, воведување на нов режим на сообраќај доколку некаде е потребно. Исто така општината активно ќе води кампања со други институции како што се МВР ПС Виница, основните училишта и среднообразовното училиште, станиците за технички преглед, авто школите и други институции кои со меѓусебна соработка максимално ќе допринесат за побезбеден сообраќај во Општина Виница.