Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Известување до граѓаните на Општина Виница

Почитувани граѓани ве известуваме,
дека на 09.05.2023г телото за управување на ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одржи промотивна кампања со цел запознавање и доближување на можностите за користење на средствата од ИПАРД програмата до потенцијалните корисници.

Со оглед на фактот, дека ИПАРД програмата има голем опфат, во сите економски гранки предвидени се три акредитирани мерки кои ќе бидат презентирани на овој настан.
- Мерка 1 : Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства (инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопственото производство, подигање на нови насади и сл);
- Мерка 2: Инвестиции во основни средства преработка и маркетинг на зермјоделски производи ( изградба на преработувачки капацитети – млекари, кланични капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук- опремување со машини и опрема на истите и сл..);
- Мерка 3 : Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини (поддршка на сите производни капацитети, од сите дејности кои се лоцирани во рурални средини).
Презентацијата ќе се одржи во хотел Александар парк со почеток од 11 часот.
Сите заинтерисирани лица ги повикуваме да присуствуваат.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk