
Се реализира дел од Договорот што Општина Виница го има склучено сo фирмата Евроградба Инженеринг за изградба на улици и тротоари во Виница и населените места.
Во завршна фаза се градежните активности за изградба на тротоари во вкупна должина од 1000 метри на ул. „Никола Карев“ од двете страни на улицата, ул. „Јане Сандански“ и тротоар на влезот во с.Јакимово.
Изведувачот започна и со поплочување на потесни улици во населени места.



