Општина Виница ја поддржува и се вклучува во националната кампања „СТОП на домашното насилство – Биди храбра!“ со цел јакнење на свеста на граѓаните за борба против насилството на жените.
Кампањата е покрената на иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот Амбасадор во Република Македонија, а поддржана од г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот на Република Македонија.
Идеата е да се зголеми јавната свест за препознавање на сите облици на домашно насилство врз жените да се поттикнат и охрабрат жртвите на семејно насилство отворено да зборуваат за проблемот и да се охрабрат да ги пријавуваат сите облици на насилство до надлежните институции за заштита и помош на жртвите.
Само со заедничко дејствување на сите чинители во заедницата можеме да се потрудиме да ставиме КРАЈ на оваа девијантна состојба во општеството, која создава насилници и жртви, премолчени проблеми, посегање по достоинството, честа и угледот, кршење на човековите слободи и права кои СЕКОЈ ЧОВЕК со раѓањето неприкосновено ги добива.
Затоа да кажеме СТОП за домашното насилство и поддршка на жртвите преку донација на бесплатните телефонски броеви: A1 – 143 133 и Телеком - 143 999.