Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

ОПШТИНА ВИНИЦА ВО СОРАБОТКА СО КОМИСИЈАТА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАНИ И МАНИФЕСТАЦИИ И КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2018 ГОДИНА ЈА ОРГАНИЗИРА МАНИФЕСТАЦИЈАТА.

“СПОРТСКИ АСОВИ 2018 ГОДИНА.“
На Манифестацијата ќе се изберат:
- најдобар спортист за 2018
- најдобар млад надежен спортист;
- најдобар клуб (во младинска и сениорска конкуренција);
- најдобар тренер (во младинска и сениорска конкуренција);
- најдобар Спортски работник
- најдобар спортски училишен клуб
- најдобар спортски настан

- Право на учество во изборот имаат сите спортисти, спортски работници и клубови со добиено Решение за дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт, со седиште во општина Виница, за сите кандидатури потребно е да се достават релевантни докази за соодветно членство (фотокопија од клупска легитимација и сл.)
- При пријавувањето е потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и фотокопии од добиените признанија од првенства и турнири.Предност во бодувањето ке имаат признанија добиени на Државни, Балкански, Европски и Светски првенства, во однос на турнири.
- Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.
- Рокот за пријавување е до 20 јануари 2019, а документите се доставуваат до Инфо центарот во општина Виница (Собраниска зграда-3-ти спрат)
- Телефони за контакт: 078-496-649
- 070-610 -965
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk