Сите вести
Сите патишта на пензионерите денес водеа кон Виница
- Hits: 135
Пензионери од цела Македонија денес присуствуваа на манифестацијата „Томина недела“ организирана од Здружение на пензионери од Виница. Манифестацијата официјално ја отвори претседателката на Здружението на пензионери од Виница, г-ѓа Павлина Ангеловска. Поздравен говор и обраќање кон пензионерите имаше градоначалникот на Општина Виница г-дин Миле Петков ,кој го истакна следново:
-Дозволете да ви упатам искрени желби за добро здравје, кое поскувам да ве служи долги години, години исполнети со среќа и љубов од најблиските.Вие сте поттик за унапредување на квалитетот на нашето секојдневно живеење, Вие сте најдобри учители и носители на животното искуство кое несебично го пренесувате како градители на темелите на нашата држава и општество. Нашите напори се насочени кон еднаква грижа за секој граѓанин. Како припадници на највозрасната група на граѓани ве охрабрувам гордо да продолжите во творењето на вашите и наши успеси. Општина Виница и понатаму ќе продолжи да ве поддржува на секаков начин. На манифестацијата присуствуваа и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија г-ѓа Станка Трајкова и пратеничката г-ѓа Даниела Христова, кои даваат огромна поддршка на манифестациите од ваков карактер. Манифестацијата традиционално се одржува во нашиот град во првата недела после големиот христијански празник Велигден, на која што се презентираат јајца украсени по повод Велигден и се избира најубаво украсено јајце.
Присутните на манифестацијата денес имаа можност да уживаат и во староградските песни изведени од обновената група „Јана“ Виница предводена од г-дин Диме Колишев.