Сите вести
Продолжува градежната офанзива во Општина Виница
- Hits: 156
Паралелно со асфалтирањето на улици во с.Трсино и с.Пекљани започнато е со реконструкција на улици и во Виница. Во тек е реконструкција на улицата "Славчо Стојменски" со вкупна должина од 500 метри. Средствата за реконструкција и на оваа улица се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.