Сите вести
Во Трсино заврши асфалтирањето на две улици
- Hits: 157
Во село Трсино заврши асфалтирањето на две улици, во наредните денови ќе се асфалтира уште една ново пробиена улица. Според договорот кој е склучен се предвидува во рок од 8 месеци да се изврши асфалтирање на улици и во другите села, Црн Камен, Градец, Липец, Блатец, Пекљани, Лески, реконструкција на улиците „Славчо Стојменски“, „Климент Охридски“„Стив Наумов“, „Раде Кончар“,„Даме Груев“, дел од улиците „4-та Македонска Бригада“ и „Јане Сандански“ во градот. Исто така со истиот договор е предвидено дополнително рехабилитација на други улици и темелно крпење на ударни дупки во вредност од 14 милиони денари. Вкупната вредност на договорот е 45 милиони денари со вкучен ДДВ. Сите средства се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.