Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

ООУ „Кочо Рацин“ Блатец денес го одбележа својот патронат

Чествувањето на патронот започна со положување на свежо цвеќе пред спомен бистата на Кочо Рацин, која деновиве беше поставена во училишниот двор, а денес свечено откриена од страна на Градоначалникот на Општина Виница г-дин Миле Петков и директорката на училиштето г-ѓа Иванка Спасовска. Ова училиште датира уште од дамнешна 1945 година, а денес конечно се закити со спомен биста на својот патрон Кочо Рацин. Свежо цвеќе беше положено од училишна делегација, делегација од локалната самоуправа на Општина Виница предводена од градоначалникот, голем број на ученици и граѓани на Општина Виница. Одбележувањето на патрониот празник на училиштето продолжи со свечена академија на која поздравно обраќање имаше директорката на училиштето г-ѓа Иванка Спасовска која им врачи награди на учениците и нивните ментори кои ќе го претставуваат училиштето на државни натпревари. Свечената академија беше збогатена со рецитали и музички настапи на голем број ученици, по која следеа спортски натпревари.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk