Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Основното училиште „Гоце Делчев“ Виница, денес го прослави патрониот празник

По тој повод, во училишниот хол, вчера вечер се одржа свечена академија во која учествуваа повеќе ученици.Поздравно обраќање и благодарност за големата присутност изрази директорката на училиштето г-ѓа Горица Спасова, која имаше чест да им врачи награди на учениците кои освоиа прво, второ и трето место на интерниот оглас за поетска и ликовна творба на тема „ Гоце Делчев“. Чествувањето на патронот денес продолжи со положување свежо цвеќе и поклон пред бистата на Гоце Делчев, од страна на училишна деледација, делегација од Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Миле Петков, пратеничката од Општина Виница г-ѓа Даниела Христова, голем број на ученици и граѓани на Општина Виница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk