Сите вести
Инфо сесија за младинско учество и животна средина
- Hits: 159
На 15 април, во средното општинско училиште „Ванчо Прке“ во Виница, се одржа инфо сесија за младинско учество и животна средина. Во текот на сесијата се разговараше за значењето на учеството на младите, како и за начините преку кои тие можат да се ангажираат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Исто така, беа презентирани најдобрите практики за активно вклучување на младите во заштитата на животната средина на локално ниво, вклучувајќи го и „Упатството на најдобри практики за активно вклучување на младите во процесите за заштита на животната средина на локално ниво“. Целта на сесијата беше да се информираат и охрабрат младите да се вклучат во процесите и донесувањето на одлуки на локално ниво. Важно е да ги поттикнеме и поддржиме младите во нивните иницијативи за заштита на животната средина. Оваа активност е дел од Акцискиот план за Виница, кој се реализира во рамките на проектот „Младински активизам за позелени општини“, финансиски поддржан од @Delegation of the European Union, Skopje, спроведен од @Македонско здружение на млади правници, @Go Green - Биди Зелен, @Центар за климатски промени и @Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци.