Сите вести
Програмата “Girl’s power”
- Hits: 151
Граѓанската организација “Безбедност на учениците надвор од училишните згради” заедно со проектниот тим во текот на вчерашниот ден одржаа конструктивен разговор со градоначалникот Миле Петков и дел од општинската администрација.
Од оваа посета произлегоа многу препораки и предлози за решавање на предизвиците и опасностите со кои се соочуваат учениците од основните училишта во Виница. Особено внимание се обрна и на проблемот со бездомните кучиња. Општина Виница е отворена за комуникација и соработка со ваков вид на организации, се со цел подобрување на безбедноста на жителите на Виница.
*Активностите се дел од програмата “Girl’s power” како дел од проектот на граѓанската организација СИГА, поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан.