Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Волонтерска и локална иницијатива на активни граѓани и млади во Виница

Младите и граѓаните заедно во акција:
„ЗА НОВА КЛУПА ЗАСАДИ ДРВЦЕ“
Неформалната граѓанска група „РИВЕРСАЈД ВИНИЧКО КАЛЕ„ од ВИНИЦА во соработка со „Фондација за развој на локалната заедица“ - Штип, Општина Виница, ЈКП „Солидарност“, машинска струка од СОУ „Ванчо Прке“ - Виница како партнери и донатори, локалните фирми „Макпрогрес”, „Елен Гроуп“ и „Анаро Вин“ како спонзори на дел од проектните активности, започнува со акција за обновување на 18 стари клупи за седење и одмор во Општина Виница.
Во претходните месеци волонтери и активисти на неформалната граѓанска група „Риверсајд Виничко Кале“ заедно со Основното Училиште „Гоце Делчев“ од Виница, ЈКП „Солидарност“, Општина Виница и СОУ „Ванчо Прке“ од Виница – ученици и наставници по машинска струка (пракса) спроведе успешна акција за обновување на 5 стари клупи за седење пред дворот на училиштето „Гоце Делчев„ во Виница.
Во месеците кои следеа, Неформалната група на граѓани „Риверсад Виничко Кале“ од Виница составена од активни граѓани волонтери кои имаат мисија да се иницираат еколошки акции во градот Виница и руралните места, во консултација со жителите од повеќе локации и теренско испитување на мислењето на граѓаните покренаа иницијатива заедно со Општина Виница, „Фондација за развој на локалната заедица“ - Штип ЈКП „Солидарност“ и СОУ „Ванчо Прке“ - Виница (машинска струка) и две приватни фирми „ELEN Group“ и „Макпрогрес“, да реализираат акција за обнова на 18 стари клупи за седење и одмор.
Места за интервенција со поставување на обновени клупи:
1. дел од кејот покрај Градечка река (улица „Кеј 30 Август“ од мостот за Лески нагоре до т.н Турски мост);
2. дел од пешачката индустриска зона на улица „Партизанска“;
3. дел од улица „Ангел Винички“.
По поставувањето на клупите ќе се спроведе засадување на листопадни или зимзелени дрвца до секоја клупа за седење во пешачките зони на улица „Партизанска“, „Кеј 30 Август“ и „Ангел Винички“ .
Планирани места за урбана акција со поставување на нови клупи за седење:
1. Kај градскиот пазар во непосредна близина на градскиот парк на улица Ангел Винички во Виница (за посетителите на пазарот и рекреативци);
2. На главната улица „Маршал Тито“.
Со акцијата која ќе се реализира во повеќе етапи и се планира да се постигне:
• Подобрување на урбаниот пејсаж во градот Виница;
• Подобрување на урбаното јавно зеленило во градот Виница;
• Подигнување на јавната свест на граѓаните за екологија и еко акции;
• Поквалитетен живот во слобдното време на граѓаните преку дружење и рекреација во природа;
• Заштита на животната средина и поставување на урбана опрема;
• Подобрување на тимската работа и соработка помеѓу јавен, граѓански и приватен сектор за добросостојба на граѓаните;
• Поттикнување и промоција на волонтеризмот на локално ниво.
Поставената нова и обновена урбана опрема (клупи за седење) на одредени места, ЈКП „Солидарност“ - Виница ќе има обврска за нивно тековно оддржување кое е вклучено во програмата за јавно зеленило и урбана опрема.
На ден 9 Април 2024, Риверсајд Виничко Кале претставувано од Валентина Манчевска и Вики Симова, општинскиот службеник за млади Невенка Николовска и Николинка Трајановска лице за односи со јавноста од Општина Виница беа во теренска посета на младите волонтери од машинска струка СОУ Ванчо Прке Виница и заедно со професорот за пракса Зоран Атанасов разговараа за статусот на активностите и идните планирања за нови акции на младите.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk