Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Известување за одржување на Тодорови трки

Почитувани сограѓани,
Ве информираме дека спортско-рекреативната манифестација „ТОДОРОВИ ТРКИ“, ќе се одржи на 23.03.2024г. со почеток од 11:00 часот на Градскиот стадион во Виница.
Очекуваме голем број на учесници од детската градинка „Гоце Делчев“, основните училишта „Гоце Делчев“, „Славчо Стојменски“, „Никола Парапунов“ и „Кочо Рацин“, средното училиште „Ванчо Прке“, Здружение на пензионери, Здружение „Златно доба“, како и сите граѓани на Општина Виница без разлика на возраста.

Редослед на дисциплините:
1.ТРЧАЊЕ ДО 40,50,60,80,400 И 800 МЕТРИ
-до 50 метри (Здружение „Златно Доба“)
-до 40 метри ( Градинка „Гоце Делчев“)
-до 50 метри ( женски прво и второ одделение)
-до 50 метри (машки прво и второ одделение)
-до 50 метри (женски трето и четврто одделение)
-до 50 метри (машки трето и четврто одделение)
-до 60 метри (женски петто и шесто одделение)
-до 60 метри (машки петто и шесто одделение)
-до 80 метри (женски седмо, осмо и деветто одделение)
- до 80 метри (машки седмо, осмо и деветто одделение)
-до 400 метри (женски СОУ „Ванчо Прке“)
- до 400 метри (женски СОУ „Ванчо Прке“)
- до 800 метри, младинци
2.ТРЧАЊЕ СО ЈАЈЦЕ ВО ЛАЖИЦА---60 МЕТРИ
3.ТРЧАЊЕ СО ШИШЕ НА ГЛАВА ---60 МЕТРИ
4.ТРЧАЊЕ ВО ВЕЌА ---60 МЕТРИ
5.ТРЧАЊЕ СО ВРЗАНИ ОЧИ ---60 МЕТРИ
6.ТРЧАЊЕ СО ПАТЕРИЦИ ---60 МЕТРИ
7.ТРЧАЊЕ НАЗАД ---60 МЕТРИ
8.ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД ДО 80, 400 И 800 МЕТРИ
-до 80 метри (машки и женски од прво до четврто одделение)
-до 80 метри (машки и женски од петто до деветто одделение)
-До 400 метри (машки и женски СОУ „Ванчо Прке“)
-до 800 метри ,младинци
9.ВЛЕЧЕЊЕ ЈАЖЕ
10.ЈАДЕЊЕ НА ТОРТИНИ

За првите три места во секоја дисциплина ќе има обезбедено награди од Општина Виница и приватните компании кои се традиционални поддржувачи на овој настан.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk