Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Донација на противпожарно возило

ТППЕ Виница доби донација специјализирано противпожарно возило од ПГД ПУЦОНЦИ од Република Словенија. Со помош на ова возило ќе се зголеми ефикасноста на работата на ПТТЕ Виница во остварување на заштитата од пожари и други непогоди на граѓаните на Општина Виница.
Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков како и вработениот персонал во ТППЕ Виница, денес јавно изразија благодарност до донаторот на возилото но и луѓето кои со својот огромен ангажман допринесоа да Општина Виница го добие ова возило:
1. Штефан Павлинјек, почесен конзул на Р.Македонија во Р.Словенија и сопственик на фирмата РОТО Словенија,
2. Зоран Ефремов, сопственик на РОТО-М Р.Македонија,
3. Сопствениците на АЦЕ ШПЕД Од Виница.
Возилото ќе биде од особено значење за потребите на ТППЕ Виница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk