Сите вести
Четврта форумска сесија
- Hits: 356
Општина Виница во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети“, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја ко-финансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, ќе ја спроведе четвртата форумска сесија на 18.01.2024 година со почеток од 10 часот во ресторан „Александарпарк“. На оваа сесија ќе се гласа и одлучува за еден од предлог проектите кој ќе биде финансиран, а кои во текот на изминатите сесии беа презентирани и разгледувани. Вашето присуство е многу значајно и Ве покануваме да земете учество на оваа Форумска сесија да го дадете Вашиот глас за проетот кој сакате да биде реализиран.