Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

За сите даночни обрзници, правни и физички лица на данок на имот и комунална такса-фирмарина

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИ за сите даночни обрзници, правни и физички лица на данок на имот и комунална такса-фирмарина. Бидејќи постапивме по сите приговори на правните лице во врска со решенијата за данок на имот за 2023 година, овие денови ќе започнеме и со изготвување на писмени опомени, после кои правните лица кои досега не го подмириле даночниот долг по основ на данок на имот и комунална такса-фирмарина, имаат рок во 8 дена да го подмират истиот.
Истовремено сакам да се заблагодарам на фирмите Мак Прогрес, Винербергер, Ирибов МК, Мебел Ви, Хипокс ДОО, Стојанови ДООЕЛ, Вини Фарма, Рото М, Елен ЈТД, Текспорт, Осковец Гроздан и поголемиот дел од останатите правни лица во Општина Виница, кои како најголеми даночни обврзници во целост го уплатија данокот на имот за 2023 година.
Ги известуваме сите физички лица кои имаат поднесено приговори во врска со решенијата за данок на имот за 2023 година, дека веќе постапуваме по истите и етапно како ќе бидат решени граѓаните ќе добијат нови корегирани решенија.
Почитувани, во решенијата за данокот на имот ја има вредноста на која е проценет имотот кој го поседува даночниот обврзик и површината на недвижноста согласно имотниот лист, ги повикувам сите граѓани кои сметаат дека нереално е оданочен нивниот имот да поднесат приговор во архивата на Општина Виница, а јас Ве уверувам дека на ниту еден граѓанин нема да му биде утврден данок на имот повисок од неговата пазарна вредност.
Исто така сакам да се заблагодарам и до сите граѓани кои веќе ги исполнија своите обврски кон општината со подмирување на данокот имот за 2023 година. За крај уште еднаш сакам да потенцирам дека оваа општинска администрација нема да отстапи од намерата да воспостави рамноправно и правично даночење согласно пазарната вредност на имотот кој го поседувате, а парите собрани од данокот на имот транспарентно да ги вложи во проекти кои Општина Виница ќе ја направат поубаво место за живеење.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk