Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Четиринаесетата седница на Советот за развој на Источно плански регион

Денес во Опшина Виница се одржа четиринаесетата седница на Советот за развој на Источно плански регион. На седницата се презентираа концепт решенијата, како фаза четири од начинот на организирање и спроведување на регионални консултации – форуми за утврдување на Предлог- листа на проекти за развој на планските региони, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година со индикативно планирани средства за 2025 година.
На седницата Советот донесе :
- Одлука за преотстапување на изграден објект„Реконструкција на сСина сала при Домот на култура „Тошо Арсов“, Виница;
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Уредување на рекреативен центар во туристичка населба Равна река – I и II фаза“;
- Одлука за усвојување на Финансиски план за изменување на Финансискиот план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2024 година;
- Одлука за утврдување вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центарот за развој на Источен плански регион за 2024 година;
- Акционен план за 2024 година за спроведување на програмата за развој на Источен плански регион 2021 – 2026 година;
- Согласност за скучување на Договор за отстапување на привремен акциски работник за вршење на привремени работи.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk