Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Третата сесија од Форумите во заедницата

На 15.12.2023 година (петок) се одржа третата сесија од Форумите во заедницата на која се презентираа предлог - проектите за концептите кои беа усвоени на претходната форумска сесија од страна на работните групи. Сите предлог проекти се на тема „Животна средина и енергетска ефикасност“, која од страна на граѓаните беше изгласана на првата форумска сесија. Презентирани беа следните предлог- проекти:
1.Набавка на специјализирано возило за комунален отпад;
2. Изградба на енергетски ефикасна фасада на ООУ„Славчо Стојменски“ Виница;
3. Промена на уличното осветлување со енергетски ефикасни светилки и
4.Промена на кровна конструкција на ОУ„Никола Парапунов“ с. Драгобраште
Следната форумска сесија треба да се одржи во јануари и на неа ќе се гласа за предлог- проектите, со цел да се издвои најрелевантниот проект, кој ќе се реализира со финансиска поддршка обезбедена преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, а ќе го кофинансира и Општина Виница. Програмата „Зајакнување на општинските совети“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја ко-финансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk