Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Затворање на депонијата во Лески

Се затвора депонијата во с. Лески. За 2 месеци Општина Виница ќе биде првата општина во Република Македонија која на својата територија нема да има ниту една депонија. Со голема посветеност и силен ангажман ја подготвивме комплетната планско-урбанистичката документација, која беше предуслов да се отпочне процесот за затворање на депонијата. Општина Виница е првата од сите општини од Источниот и Североисточниот регион која започна со чистењето на нестандардните општински депонии, откако претходно беа исчистиени дивите депонии во с.Блатец и с.Истибања. АПЕЛИРАМЕ до сите граѓаните овој период да не се движат до нивните ниви и земјоделски површини во близина на депонијата, од причини што при чистењето на депонијата можно е нејзино запалување, како и испуштање на гасови штетни за здравјето на луѓето! Чистењето и рекултивацијата на овие депонии е дел од капиталниот Проект за интегрирано управување со цврстиот отпад во Источниот и Североисточниот регион, инвестиција вредна 40 милиони евра обезбедени од ИПА фондовите за регионален развој на ЕУ. Неговата реализација предвидува изградба на регионална депонија во Мечкуевци, Светиниколско и уште 6 претоварни станици. Целосната реализација на овој проект се очекува да заврши 2026 година, со што целосно ќе се стави во функција системот за собирање, транспорт и третман на отпадот од 18 општини.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk