Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Вчера вечер започна Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Во фоајето на Домот на култура „Тошо Арсов“ е отворена изложбата на карикатури на тема „Нештата стануваат возможни“,кои се пријавени на меѓународниот конкурс што го објави домот на култура. Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, кој што нагласи дека е горд што традицијата продолжува и овој фестивал веќе неколку години фигурира на интернационалната мапа на Фестивали на хумор и сатира. И покрај ограничените можности за одржување на фестивалот, поради реновирање на просториите на домот на култура сепак се најде решение да продолжи „Ин Виница веритас“. Општина Виница со гордост ги поддржува ваквите манифестации, кои имаат за цел да прераснат во културно обележје на општината. Директорката на домот на култура „Тошо Арсов“ Виница Благица Стојановска, ги прогласи добитниците на награди за најдобри карикатури, а тоа се : Прва награда за Фернадо Пика од Колубија, втора награда за Јианг Лио од Кина и трета награда за Хуан Габриел Бенавидес од Шпанија.
- Жирито чии членови се Дамир Новак од Хрватска, Бернад Боутон од Франција, Мирослав Хајнос од Полска, Благица Стојановска и Наташа Костова од Македонија, имаше тешка задача да направи селекција од многубројните карикатури. Оваа година на конкурсот се пријавија рекордно 224 учесници од 46 земји од светот и добивме 622 карикатури - истакна Благица Стојановска, директор на Домот на култура „Тошо Арсов“ Виница.
Фестивалот продолжува вечерва во 19 часот со „Вечер на афоризми“ посветени на Бошко Перински и сатирично шоу „Прес конференција на Владата“.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk