Сите вести
Првачињата од основните училишта од Општина Виница станаа членови на Детската организација
- Hits: 314
Со забавна програма и свечен чин, денес првачињата од Општина Виница се примени во Детската организација. Приемот на децата во најмасовната меѓународна организација- Детската организација, традиционално се реализира во првата полна седмица од месец октмври. Во сите земји членки на ООН, оваа седмица е прогласена за Недела на детето, којашто оваа година се реализира под мотото „Јас и светото околу мене“. Во сите општински основни училишта и детските градинки, по повод одбележување на Детската недела, се реализираа многу активности, преку кои децата имаа можност да се запознаат со своите права и обврски, да пренесат пораки кои ќе допринесат за целосен развој на човековата личност и зајакнување и почитување на човековите права и основите на слобода.