Сите вести
Виница наскоро ќе добие теретана на отворено и нов современ кошаркарски терен
- Hits: 282
Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков денес потпиша договор за Јавна набавка на работи за реконструкција на старото тениско игралиште во теретана на отворено и кошаркарски терен. Работите ќе ги изведува ДПИ „АГП“ ДООЕЛ Свети Николе. Врз основа на овој договор и потпишаниот Меморандумот за соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница- Штип, наскоро Виница ќе добие теретана на отворено и современ кошаркарски терен.
Со реконструкцијата ќе се создаде место каде многу млади и повозрасни луѓе ќе можат да се рекреираат со најсовремени фитнес апарати и опрема, да ја негуваат социјалната интеракција, натпреварувачкиот дух и тимската работа.
Вредноста за реализирање на овој проект е околу 2.000.000 денари.