Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Aсфалтирани две улици во с.Градец

Денес заврши асфалтирањето на две улици во с.Градец во должина од 550 метри.
Најавени се уште инвестиции од општината во градежни и инфраструктурни проекти, како што најави градоначалникот Миле Петков во вчерашната изјава пред медиумите.
За неколку од нив веќе е изготвена техничка документација, за дел од нив е во тек а некои активности се веќе вo тек. По завршувањето на овие улици во с.Градец следи асфалтирање и реконструкција на ударните дупки во градот.
Во изјавата за медиумити, градоначалникот Миле Петков изјави:
-Но не само Градец ние планираме подобрување на сообраќајната инфраструктура и во другите населени места во Општина Виница. Веќе се изградени 2 улици во с.Блатец, додека во завршна фаза е изградбата на локалниот пат Блатец Детлово во должина од 3 км, останува уште да се постави сообраќајната сигнализација, а за преостанатиот дел од 2,5 км имаме изработено комплетна техничка документација, а имаме изработено проект уште за 1 улица во с.Блатец.
Во с.Јакимово е изградена пешачка патека и имаме изработено комплетна техничка документација за изградба на улица која во наредниот период ќе биде реализирана. Во с.Истибања е извршено поплочување на 1 улица, а овие денови ќе продолжиме со поплочување уште на 2 улици и реконструкција на центарот во с.Истибања.
Во с.Липец ќе изградиме дел од канализационата мрежа, за што овие денови ќе склучиме Договор со изведувачот и очекувам до крајот на годината да биде изградена. Во с.Виничка кршла склучен е договор за изградба на пристапен пат до земјоделски површини и очекувам до крајот на годината да биде завршен.
Во тек е изработка на проектна документација за изградба на улици во с.Лески, Липец, Пекљани и Трсино и по нивната изработка ќе започнеме со нивна реализација. Од проектите коишто во моментот се градат во доста напредна фаза е Реконструкција на Сината сала во Домот на културата Тошо Арсов во Виница.
Овој проект се гради со засилена динамика и очекувам да биде завршен до крајот на месец Октомври со што Виничани ќе добијат современа сала како култно место во кое се одржуваат настани од домашен и меѓународен карактер како меѓународниот фестивал на хумор и сатитра Ин Виница Веритас и меѓународниот фолкорен фестивал Истибањско здравоживо.
Во следниот период планираме реализација на следните проекти:
Изградба на термоизолациона фасада и лифт на Општинската зграда.
Распишана е јавна набавка и за два дена ќе биде познат изведувачот на градежните активности со што зградата на Општината која се наоѓа во централното градско подрачје на плоштадот Ангел Винички ќе добие нов современ лик.
Изградба на водоводна мрежа на ул.Иво Лола Рибар, во тек е изработка на тендерската документација и во наредните денови ќе биде распишана јавна набавка и очекувам до крајот на годината да биде изградена водоводната мрежа на оваа улица.
Изградба на спортски терени, овие денови ќе биде распишана нова јавна набавка за изградба на спортско игралиште за кошарка и теретана на отворено и очекувам за 2 месеци да биде завршено.
Реконструкција на Кино салата, овој проект беше прекинат и во наредните денови ќе биде распишана нова јавна набавка и очекувам овој проект за биде завршен во текот на 2024 година.
Изградба на затворен градски пазар и овој проект беше прекинат, во моментот се работи на измена на проектот и очекувам за 2 месеци да биде завршена техничката документација, по што ќе се распише нова јавна набавка за изградба на градскиот пазар и очекувам комплетно да биде завршен во текот на 2024 година. Изградба на улици во Виница и населените места, во тек е изработка на проекти за изградба и реконструкција на улици во Виница и населените места и по изработката на проектите ќе започнеме со изградба и на овие улици.
Голем дел од проектите кои беа дел од нашата изборна програма се реализирани, се во фаза на реализација или наскоро ќе започнеме со нивна реализација.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk