Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Советот на Општина Виница ќе ја одржи 21-та седница

Во понеделник, на 26 јуни со почеток од 10:00 часот, Советот на Општина Виница ќе ја одржи 21-та седница, на чиј дневен ред се наоѓаат следниве точки:
1. Предлог-буџет за изменување и дополнување на буџетот на општина Виница за 2023 година (Ребаланс на буџетот);
2. Измена на План на Програми за развој за период од 01.01.2023 - 31.12.2023 годинa;
3. Годишен Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2022 година, со Годишен Финансиски извештај за работа на Центарот за 2022 година;
4. Годишен Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источен плански регион 2021-2026 за 2022 година;
5. Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Гоце Делчев“-Виница;
6. Барање Согласност на измена на Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Славчо Стојменски“-Виница;
7. Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Славчо Стојменски“-Виница;
8. Барање Согласност на Извештај за финансиско работење на ЈП за комунални работи „Солидарност“-Виница за период 01.01. до 31.03.2023 година;
9. Информација за состојбата со невработеноста во општина Виница за 2022 година;
10. Барање од Филип Мајсторски од Виница, за продолжување на работното време (Предлог-Одлука за продолжување на работното време);
11. Предлог-Одлука за продолжување работното време на угостителските објекти на подрачјето на општина Виница;
12. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на Празникот на градот 13-ти јули Павловден;
13. Барање од Смилана Петрова од с.Лески, Виница на финансиска помош, за лекување;
14. Барање од Алибраим Алиов од Виница, на финансиска помош за санирање на штета на опожарена куќа;
15. Барање од Ангелов Николчо од Виница на финансиска помош, за лекување;
16. Барање од МЗ Блатец на мрежа за оградување на гробиштата во с.Блатец, Виница;
17. Предлог-Одлука за утврдување висината на месечниот надоместок на Претседателот и членовите на Управниот одбор на ЈП за комунални работи „Солидарност“-Виница;
18. Предлог-Одлука за утврдување висината на надоместокот на Претседателот и членовите на Надзорниот одбор на ЈП за комунални работи „Солидарност“ - Виница;
19. Советнички прашања;

Дополнување на дневен ред
1. Решение за свикување на 21-ва редовна седница на Советот на Општина Виница;
2. Записник од одржана 20-та редовна седница на Советот на Општина Виница;
3. Барање од Нуртин Реџепи од Виница на финансика помош за санирање на штета на семејна куќа од поплава;

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk