Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Светскиот ден на крводарителството

14-ти јуни Светскиот ден на крводарителството одбележан и во Општинската организација на Црвен крст во Виница. Традиционално овој ден се одбележува ширум светот, со цел да се зајакне индивидуалната и колективната свест за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти, но и да се насочи вниманието кон луѓето – крводарители кои својата хуманост ја изразуваат дарувајќи крв волонтерски. По тој повод во просториите на Општинската организација на Црвен крст во Виница се одржа свеченост на која за најдобар крводарител за оваа година беше прогласен Цанко Анастасов, кој го надмина својот рекорд и има дарувано над 150 пати крв. На свеченоста присуствуваа крводарители кои имаат дарувано над 100 пати крв. Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков ги поздрави сите и им честита за нивната хуманост наградувајќи ги сите со скромни подароци. На присутните крводарители но и на сите крводарители им го честитаа денот на крводарителите и секретарот на организацијата Кирил Цоневски како и претседателката на организацијата Благица Симеонова. Општина Виница пет децении е на врвот по хуманоста изразена преку дарување крв, така и оваа година благодарение на сите крводарители убедливо го зазема првото место во Македонија.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk