Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Никола Парапунов с.Драгобраште, Виница го прослави патрониот празник

Основното училиште „Никола Парапунов“ с.Драгобраште, Виница, денес го прослави патрониот празник. По тој повод во училиштето се одржа приредба во која учествуваа повеќе ученици, а на присутните им се обрати директорот на училиштето Дејан Михајлов. Свеченото одбележување на патрониот празник започна со оддавање чест и положување цвеќе пред спомен бистата на патронот, од страна на училишна делегација, делегација од Локалната самоуправа предводена од градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, и од страна на учениците во училиштето. Потоа следеше приредба во која учествуваа повеќе ученици и на прекрасен начин се претставија себе и училиштето, низ стихови,сценографија и песни. Честувањето заврши со многубројни спортски активности.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk