Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Завршна приредба детската градинка „Гоце Делчев“- Виница

Со завршна приредба детската градинка „Гоце Делчев“- Виница, испрати уште една генерација во прво одделение. Со прекрасна сценографија и костимографија дечињата ја поведоа многубројната публика низ чудесно музичко патување, со што изнудија многу воздишки, огромни аплаузи и по некоја солза од публиката. Пред присутните во салата низ песни и игри, со многу возбуда и насмевки малите големковци покажаа дека се подготвени за училиште.
Честитки до директорката Милче Стаменкова, до воспитувачките, негувателките,музичкиот педагог,родителите, а најголеми честитки до дечињата за нивниот труд кој го вложиле со кој што присутните во салата ги одведоа во детскиот свет, и приредија настан за уживање и паметење.
СРЕЌНО ПРВАЧИЊА!!!

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk