Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Концерт на „The School Bend“- ученици од СОУ „Ванчо Прке“

Живот по ноти. Прекрасно претставување на учениците по клавир во класата на професор Гоце Данилов.

Во изложбениот салон „Венеција“ вчера вечер, Музички центар -MOZZARTINO, оддржа концерт со учениците по клавир. Присутните имаа можност да ги слушнат и да уживаат во прекрасните изведби на учениците, да го почуствуваат музичкиот и позитивен флуид што кружи околу овие деца. Гости на концертот и поддршка на учениците беше „The School Bend“- ученици од СОУ „Ванчо Прке“, кои со својот Проф. Гоце Данилов го освоија првото место на државниот натпревар на бендови, одржан во Валандово. На сите учесници на концертот им посакуваме многу успех и уште многу концерти. Општина Виница со гордост ги поддржува настаните од ваков карактер, се надеваме дека ќе ги има уште многу и во уште поголем интензитет.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk