Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Одбележан патрониот празник на СОУ Ванчо Прке

Денеска СОУ „Ванчо Прке“- Виница го одбележа патрониот празник воедно и 60 години јубилеј од основањето на гимназијата.

По тој повод свежо цвеќе на бистата на патронот положи училишната делегација. Во склоп на овогодинешното одбележување беа доделени благодарници и дипломи за постигнати резултати на ученици кои учествуваа на овогодинешните натпревари. Програмата беше проследена, надополнета и разубавена со настапи на музичкиот бенд од училиштето кој успеа да се пласира како државен првак на државниот натпревар на бендови одржан во Валандово ,,The School band", со говори и рецитали изведени од ученички кои исто така се закитија со награди од натпревари. Колегиумот при СОУ „Ванчо Прке“- Виница му врачи плакета, благодарност на директорот на училиштето Тихомир Тасев, во чест на неговата посветеност, поддршка и соработка.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk