Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Велигден за сите

Под мотото „Велигден за сите“, неколку анонимни дечки од Виница седма година по ред организираат хуманитарни забави за да помогнат на ранлива група на сограѓани, колку што можат.

Благодарение на нив уште еднаш имаме можност да покажеме и докажеме дека Виница е еден од најхуманите градови во Република Македонија. Забавата под мотото „Не можеме да помогнеме на сите, но секој може да помогне на некој“ оваа година е поделена на 3 локации, со различен музички репертоар и шанса секој да си одбере во која атмосфера сака да донира. Празниците би требало да бидат асоцијација за најубав дел од годината, иако за многу локални семејства се еден од најтешките, но секој може да помогне на некој.
Отворени се и сметки за донација, за сите кои физички не можат да присуствуваат, а сакаат да помогнат.
Сметка за донација:
200000002017010
Црвен крст – Виница
Цел на дознака:
„Велигден за сите".

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk