Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Меѓународниот ден на Ромите

Во пресрет и по повод Меѓународниот ден на Ромите, припадници од ромската етничка заедница беа поканети кај градоначалникот Миле Петков за да им го честита Денот и заедно да го кренат знамето на Ромската заедница на јарболот пред општинската зграда.

Осми април е денот посветен на историјата и културата на Ромите, кој се одбележува низ целиот свет, афирмирајќи ја потребата од поголема поддршка за ромската популација која се соочува со социјални и економски проблеми. Ромите, како интегрален дел од македонското општество, се рамноправни со останатите граѓани и ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик и да ги развиваат својата култура и традиции, и активно да партиципираат преку своите партии во политичкиот живот.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk