Сите вести
Денот на шегата
- Hits: 250
Во пресрет на 1-ви Април, Денот на шегата , на плоштадот “Ангел Винички” денес се одржа традиционалната “Априлијада”.
Сите присутни ги поздрави градоначалникот Миле Петков, кој им посака многу радост, смеа и среќа. На креаторите на најдобрите 5 маски им врачи награди. Според програмата со прекрасни маски настапија наставници и ученици од ОУ „Славчо Стојменски”, ОУ „Гоце Делчев” и СОУ „Гоце Делчев”, секоја маска имаше своја приказна, така што беше тешко жирито да одбере која е најдобра. Програмата беше водена од проф.Гоце Данилов, Ивана Гошева (ученичка во СОУ „Ванчо Прќе”) и Јана Тасева(ученичка од во ОУ „Славчо Стојменски”). Манифестацијата беше пропратена со музички настапи на ученици од основните училшта.